Предмет: Квалитет на електричната енергија во ЕЕС
Код: 3ФЕИТ09004
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Јовица Вулетиќ
Цели на предметната програма: Запознавање на кандидатите со основните концепти, принципи и теории за оценка на квалитетот на електричната енергија, мерките и техниките за подобрување на квалитетот и нивно совладување. Проучување на причините и последиците од разните видови пречки: варијација на фреквенцијата, хармоници, спори и брзи варијации на напонот, фликери и др. Мерки за ублажување на проблемите и оспособување за дизајнирање на електричните мрежи заради подобрување на квалитетот на испорачаната електрична енергија. Користење на комерцијални софтвери за анализа на разни аспекти од оваа проблематика.
Содржина на предметната програма: Вовед во проблематиката на квалитет на снабдувањето со ЕЕ. Основни термини и дефиниции, важност и соодветност на проблематиката, тип на изучувања. Напонски варијации во нормален режим на работа на системот – наднапони и поднапони и напонски фликер. Дефинициии, извори и последици. Напонски јами. Дефиниции карактеристики и видови на напонски јами, ширење на напонските јами и нивно претставување, последици од напонските јами, симулација на напонска јама, преглед на процедурата за проценка на перформансите на напонската јама, ефекти од трансформирањето и приклучување на потрошувачи врз ширењето на напонската јама и карактеристики. Испитување и споредување на напонските јами. Осетливост на опремата на напонски варијации. Очекувани финансиски загуби од напонските јами. Хармоници. Дефиниции, извори и последици, Фуриеова анализа, хармониска резонанса, дизајнирање на филтри за хармоници. Транзиенти предизвикани од атмосферски празнења и од разни комутации во мрежата. Карактеристики, последици од нивното појавување, ублажување на последиците. Несиметрија на напоните. Извори на несиметрија. Последици од несиметријата на напоните. Методи за анализа на несиметричните режими. Несиметрија поради работа на мрежата во неполнофазен режим. Мерки за разрешување на проблемите. Препорачани мерки кои што се користат за решавање на проблемот со квалитетот, типови и основни карактеристики на уредите за разрешување на проблемите. Преглед на интернационалните норми и стандарди.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Ристо Ачковски | Квалитет на електрична енергија | ФЕИТ | 2013 |
2 |
R.C. Dugan, M.F. McGranahan, S. Santoso, H.W. Beaty | Electrical Power Systems Quality | McGraw – Hill | 2004 |
3 |
E.F. Fuchs,M.A.S. Masoum | Power Quality in Power Systems and Electrical Machines | Elsevier | 2008 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A.M. Muñoz | Power Quality – Mitigation Technologies in a Distributed Environment | Springer | 2007 |
2 |
A. Baggini | Handbook of Power Quality | John Wiley & Sons | 2008 |