Квантни комуникации и квантни пресметки

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Квантни комуникации и квантни пресметки

Код: 3ФЕИТ10013

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Александар Ристески, Доц. д-р Томислав Шуминоски

Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе биде оспособен за теоретска и практична работа во напредните квантни комуникации и пресметки, плус запознавање и работа со квантните технологии, сервиси и системи. Преку знаењата кои му ги нуди овој предмет, студентот ќе има можност да се стекне со компетенции и вештини од областа на квантното инженерство и комуникациските и пресметковните науки од квантната област.  Студентот ќе добие знаења за современите напредни квантни комуникации, пресметки во квантни компјутери и системи.

Содржина на предметната програма: Историски развој на квантните комуникации и пресметки. Квантна информациска теорија. Квантни бити, квантни состојби и основи на квантните комуникации и пресметки. Квантен шум и квантни операции. Квантни пресметковни алгоритми. Квантна Фуриеова трансформација и нејзина примени во квантните комуникации и пресметки. Телепортација и квантна криптографија. Квантни комуникациски ситеми, квантни компјутери и квантни уреди.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Sandor Imre, Laszlo GyongyosiAdvanced Quantum Communications: An Engineering ApproachWiley2013
2Michael A. Nielsen, Isaac L. ChuangQuantum Computation and Quantum InformationCambridge Univ. Press2000
3E. Rieffel and W. PolakQuantum Computing, A gentle IntroductionMIT2011
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Masahito HayashiQuantum Information Theory: Mathematical FoundationSpringer-Verlag Berlin Heidelberg2017