Линеарна алгебра

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Линеарна алгебра
2. Код 4ФЕИТ08008
3. Студиска програма 13-ПМА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Билјана Начевска-Настовска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на курсот студентот ќе има напредни знаења од областа на матричната анализа и нејзина примена и ќе биде оспособен да го примени знаењето од областа во решавање на различни практични проблеми од областа на применета математика и инженерство.

11. Содржина на програмата:

Матрична алгебра и векторски простори. Линеарни трансформации. Норми, скаларен производ и ортогоналност. Разни матрични декомпозиции (ортогонална, сингуларна). Метод на најмали квадрати. Сопствени простори. Нормални и позитивно дефинитни матрици. Обопштени инверзи-нивно постоење, особини и примена. Теорија на Перон-Фробениус за ненегативни матрици. Стохастички матрици и Маркови вериги. Матрични неравенства.

12. Методи на учење:

Ќе се користи блендиран метод на учење кој се состои од предавања, самостојна изработка и одбрана на проектна задача, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Изработка и презентирање проектна задача
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Carl  D. Meyer Матрична анализа и применета линеарна алгебра SIAM 2000