Логички дизајн

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Логички дизајн
2. Код 4ФЕИТ05З022
3. Студиска програма КХИЕ,КТИ,КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Катерина Ралева, Д-р Данијела Ефнушева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основите на дигиталниот логички дизајн (постапки и закони за анализа и проектирање на логички кола и логички мрежи). По завршување на курсот, студентот ќе биде оспособен за анализа и проектирање на комбинациони и секвенцијални логички кола и системи:
– Знае постапка за определување на комбинациона логичка функција за даден логички проблем опишан со текст.
– Дизајнира комбинациони кола со основните градбени блокови (логички порти, мултиплексери, демултиплексери, декодери , кодери),
– Дизајнира кола со флипфлопови, регистри и бројачи.
– Знае постапка за синтеза на конечен автомат за дадени барања.
11. Содржина на програмата: Бројни системи и кодови.Основи на Булова и прекинувачка алгебра. Основни логички операции и кола. Логички променливи, изрази и функции. Приказ на логички функции. Реализација на логичките функции со основните логички кола. Универзални множества. Реализација на логичките функции со НИ и НИЛИ кола.Техники за минимизација на логичките функции. Карноова мапа. Анализа и синтеза на логички функции. Комбинациони логички мрежи (мултиплексери, демултиплексери, декодери, кодери и конвертори на кодови). Индикаторски системи. Реализација на мрежи со мултиплексери, демултиплексери, декодерски и кодерски мрежи. ROM меморија (синтеза на функции со PROM меморија), програмабилна логика (PAL/GAL, PLA и синтеза на функции со PLA). Секвенцијални логички мрежи – вовед. Мемориски кола – лечеви, флипфлопови, регистри. Асинхрони и синхрони бројачи – анализа и постапки за дизајнирање. Синхрона секвенцијална мрежа како автомат со конечен број на состојби. Мурова и Милиева секвенцијална мрежа. Процедура за дизајнирање конечен автомат.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи на лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените од лабораториските вежби.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит и поените од лабораториските вежби.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 N. Balabanian, B. S. Carlson Digital Logic Design Principles John Wiley & Sons, Inc. 2001
2 М. Морис Мано, Мајкл Д. Цилети Дигитален дизајн Арс Ламина (превод на македонски) 2010
3 M. Morris Mano and Michael D. Ciletti Digital Design Pearson (Prentice Hall) 2007
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 McCluskey, E.J. Logic Design Principles Prentice Hall 1986