Логички дизајн

Објавено: октомври 22, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Логички дизајн

2.    Код

3ФЕИТ12З009

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на дигиталниот логички дизајн (постапки и закони за анализа и проектирање на логички кола и логички мрежи). По завршување на курсот, студентот ќе биде оспособен за анализа и проектирање на логички кола и едноставни логички системи.

11.    Содржина на програмата: Бројни системи и кодови.Основи на Булова и прекинувачка алгебра. Основни логички операции и кола. Логички променливи, изрази и функции. Приказ на логички функции. Реализација на логичките функции со основните логички кола. Универзални множества.  Реализација на логичките функции со НИ и НИЛИ кола.Техники за минимизација на логичките функции. Анализа и синтеза на логички функции. Комбинациони логички мрежи. Индикаторски системи. Реализација на мрежи со мултиплексери, демултиплексери, декодерски и кодерски мрежи. ROM меморија (синтеза на функции со PROM меморија), програмабилна логика (PAL/GAL, PLA и синтеза на функции со PLA). Мемориски кола – лечеви, флипфлопови, регистри. Синхрона секвенцијална логика -бројачи. Мурова и Милиева секвенцијална мрежа. Синхрона секвенцијална мрежа како автомат со конечен број на состојби. Процедура за дизајнирање конечен автомат.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Морис Мано, Мајкл Д. Цилети

Дигитален дизајн

Арс Ламина (превод на македонски)

2010

2

N. Balabanian,  B. S. Carlson

Digital Logic Design Principles

John Wiley & Sons, Inc.

2001

3

McCluskey, E.J.

Logic Design Principles

Prentice Hall

1986