Менаџмент на ризик во електроенергетиката

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Менаџмент на ризик во електроенергетиката

Код: 3ФЕИТ04011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Невенка Китева Роглева

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање, анализа и менаџирање на ризиците во технички проекти и ризици во електроенергетски објекти. Ќе ги изучи техниките за квалитативна и квантитативна анализа на ризиците и ќе може да донесува  одлуки за справување со ризици, се со цел успешно завршување на проекти и зголемување на доверливоста и сгурноста на енергетските објекти.

Содржина на предметната програма: Вовед во менаџмент на ризик. Типови и извори на ризикот. Фази на менаџмент на ризик. Идентификација на ризикот во проекти во различни гранки на индустријата. Квалитативна проценка и анализа на ризиците. Mетоди и техники на квантитативно вреднување на влијанијата на поедините ризици. Методи на дрво на грешка и дрво на настан,Баесови мрежи и Маркови вериги. Одлука за планирање на одговор на ризикот врз основа на трошокот за пресретнување и/или трансфер. Стратегии за пресретнување на ризикот. Доверливост и сигурност во електроенергетски постројки.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

George Anders  Alfredo VaccaroInnovations in Power Systems ReliabilitySpringer-Verlag London2011

2

Wenyuan LiRisk Assessment of Power Systems: Models, Methods, and Applications, 2nd EditionIEEE Pres, Wiley2014

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Allan, R.N., BillintonReliability Evaluation of Power SystemsSpringer1996