Менаџмент на животна средина

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Менаџмент на животна средина

Код: 3ФЕИТ04009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Антон Чаушевски

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување со знаења за влијанието на работата на индустриски капацитети на околината. Се оспособува за изработка на анализи, студии и елаборати за животна средина како неопходен дел од секој проект во согласност со еколошките стандарди.

Содржина на предметната програма: Запознавање со прописите и стандардите за животна средина, како и правна регулатиза за заштита на животната средина. Класификација на загадувачи на животна средина според интензитетот на влијанието врз почвата, водените ресурси и атмосферата.  Можни загадувачи на цврст отпад, течен отпад и  и емисија на гасови во атмосферата (азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди). Ефектот на стаклена градина и значењето на озонскиот слој за животот на земјата.  Проценка на економските потреби за екстерни трошоци од воведување технологии за зачувување на животната средина.  Можности за постигнивање одржлив економски развој со почитување на регулативите за заштита на животната средина. Меѓународни прописи и стандарди во регулативата за заштита на животната средина. Процедури за класификација на проектите согласно  на  CDM механизмот (Clean Development Mechanism), како и можноста за добивање на сертификати за земјите од Анекс 1 согласно Кјити протоколот – CER (Certified Emission Reductions.. Проектни активности и изработка на проектна документација  за елаборат или студија за заштита на животна средина, како дел од проектот.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ruth E Weiner Environmental Engineering Elsevier Edition 2003

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Fay А., D. Golomb Energy and the Environment Oxford University Press 2002