Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси

Код: 3ФЕИТ10015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Борислав Поповски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот, се очекува студентот да има продлабочени познавања од менаџментот со архитектури, ресурси и сервиси во мултимедиски телекомуникациски мрежи, да е компетентен во користењето техники и алатки со цел подобрување на перформансите и нивна оптимизација, да е оспособен за вршење на научноистражувачка работа во областа на управување со мултимедиски мрежи и сервиси.

Содржина на предметната програма: Kонцепти за управување со телекомуникациски мрежи. Управување со телекомуникациски сервиси. SLA и управување со QoS. Пренос на мултимедиски содржини: MPEG транспортен поток, DVB стандарди. Мултимедиски сервиси и протоколи: Управување со квалитет на сервис во IP мрежи. Квалитет на сервиси во реално време. Стандарди и протоколи за компресија на видео. IMS (IP Multimedia Subsystem) концепти, архитектура и протоколи. Управување со радио ресурси во безжичните мрежи. Управување со мобилност. Коегзистенција на различни безжични технологии. Планирање и оптимизација на радио пристапни мрежи. LTE, LTE-A, 5G мобилни мрежи. ОТТ ТВ сервиси, HTTP пренос на видео во реално време, HTTP – DASH, CDN (Content Delivery Networks). Примери на провајдери на мултимедиски содржини и платформи. Пренос на видео, аудио и RIA (rich Internet applications) преку приватни и јавни IP мрежи, до крајни уреди: десктоп, лаптоп, мобилни уреди, IPTV/OTT set-top боксови, интернет-поврзани TV. Мултимедиски системи во облак.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Hans W. Barz and Gregory A. BassettMultimedia Networks: Protocols, Design and ApplicationsWiley2016
2Erik Dahlman,‎ Stefan Parkvall, ‎ Johan Skold4G, LTE-Advanced Pro and The Road to 5GAcademic Press2016
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1P. Latkoski, B. PopovskiWireless Communications and Networks – Recent AdvancesInTech – Open Access Publisher2012
2Mani SubramanianNetwork Management: Principles and PracticesPrentice Hall2012