Мерна неодреденост и калибрација

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Мерна неодреденост и калибрација

Код: 3ФЕИТ03006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Владимир Димчев

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот се запознава со „Прирачникот за изразување мерна неодреденост“ и „Изразување на мерна неодреденост при калибрација“. Стекнува практични знаења за пресметување мерна неодреденост при калибрација на еталони и различни инструменти.

Содржина на предметната програма: Запознавање со теоријата на мерна неодреденост според „Прирачникот за изразување на мерната неодреденост“ (GUM, 1995, ISO – Geneva) и „Изразување на мерната неодреденост при калибрација“ (ЕА-4/02, 1999). Објаснување на користените поими и дефиниции. Дефинирање на мерната неодреденост од тип А, Гаусова, Студентова и други дистрибуции на мерните резултати. Дефинирање на мерна неодреденост од тип Б и геометриски дистрибуции. Буџет на мерна неодреденост. Примери за примена на мерна неодреденост при калибрација на универзални инструменти, мерни отпорници и мерења на други физички величини. Објаснување како правилно се толкуваат спецификациите за грешки дадени од производителите на мерна инструментација. Евалуација на мерните резултати со Монте Карло методот. Примарни и секундарни еталони за напон, струја и отпорност. Калибрациска опрема, калибрација на дигитален мултиметар и осцилоскоп, автоматска калибрација. Спецификација на работни услови.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1BIMP – JCGM 100:2008Evaluation of measurement data – Guide to the Expression of Uncertainty in MeasurementJCGM – Joint Committee for Guides in Metrology8
2European cooperation for AccreditationEA-4/02 – Expression of the Uncertainty of Measurement in CalibrationEuropean Accreditation13
3C. F. DietrichUncertainty, Calibration and ProbabilityAdam Hilger,  2 edition91