Методи на истражување и техники на пишување

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Методи на истражување и техники на пишување

Код: 3ФЕИТ08015

Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС

Неделен фонд на часови2+0+0+2

Наставник: Проф. д-р Билјана Начевска-Настовска,  Вон. проф. д-р Весна Андова, Проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Доц. д-р Сања Атанасова

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да ги познава основните принципи  и методи на истражување и да е оспособен да напише научно истражувачки труд и магистерска работа, како и да изработи презентација и постер користејќи LaTex.

Содржина на предметната програма: Процес на пребарување познати резултати од областа на истражување и селектирање на потребни податоци. Методи на истражување. Структурирање на научно истражувачки труд и магистерска работа. Етички правила, правила за цитирање и референцирање. Вовед во LaTex. Користење LaTex при пишување на научно истражувачки труд и магистерска теза, избор на соодветен стил на пишување. Внесување текст и математички формули. Дефинирање околини и табели. Уредување текст. Вклучување на библиографија, содржина и индекс. Користење на JobRef. Додавање слики и нивно креирање со ТikZ i Metapost. Изработка на презентации и постери за добиените научно истражувачки резултати. Користење beamer.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1 A Guide to LATEXAddison-Wesley Longman Publishing Co., Inc. Boston, MA, USA2003
2T. Oetiker, H. Partl, I. Hyna and E. SchleglThe Not So Short Introduction to LaTexTobias Oetiker and Contributors2016
3R. Phelps, K. Fisher, A. ElliOrganizing and Managing, A Practical Guide for PostgraduatesSAGE  Publications2007