1. Наслов на наставниот предмет | Микропроцесорска електроника | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л026 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Зоран Ивановски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Логички дизајн | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целта на предметот е запознавање со микропроцесорите и придружните електронски компоненти, начинот на нивно фукционирање, нивните карактеристики, комуникацијата помеѓу компонентите и нивната интеграција во единствен систем. Основни стекнати компетенции на студентот се разбирање на функционирањето и очекуваните перформанси на микропроцесорските системи, познавање на основните принципи за нивно дизајнирање на логичко ниво и оспособеност за основно програмирање на асемблерско ниво. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Бинарна аритметика. Стандардна архитектура на микропроцесор. Архитектура на 80386DX. Софтверски модел на 80386DX во реален начин на работа. Програмирање во асемблерски јазик. Машински код. Инструкциско множество на 80386DX. Интерфејси: мемориски и I/O, прекини, DMA. Процесирање на прекини, табела на вектори на прекини, приоритети. BIOS и DOS системски повици. I/O склопови и периферни единици: Излезни портови. Влезни портови. Паралелен интерфејс за печатач. Паралелен интерфејс со 82C55. Сериски комуникациски интерфејс. USART 8251A интерфејс. UART 8250/16450 интерфејс. 82C54 програмабилен часовник. 82C37А програмабилен DMA контролер. Заштитен начин на работа. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час и проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 0 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на секоја од вежбите). Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна пред полагање на писмениот испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите од лабораториските вежби и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите од лабораториските вежби и проектната задача. За време на испитот е дозволено користење на помошна литература (табели со инструкции и технички параметри на уредите), кои се достапни на факултетскиот порталот. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Walter Triebel | The 80386, 80486, and Pentium Processors: Hardware, Software, and Interfacing | Prentice Hall | 1998 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Barry B. Bray | The Intel Microprocessors: Architecture, Programming and Interfacing | Prentice Hall Inc. | 1997 |