Микропроцесорска електроника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Микропроцесорска електроника
2. Код 4ФЕИТ05Л026
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Зоран Ивановски
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Логички дизајн
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целта на предметот е запознавање со микропроцесорите и придружните електронски компоненти, начинот на нивно фукционирање, нивните карактеристики, комуникацијата помеѓу компонентите и нивната интеграција во единствен систем. Основни стекнати компетенции на студентот се разбирање на функционирањето и очекуваните перформанси на микропроцесорските системи, познавање на основните принципи за нивно дизајнирање на логичко ниво и оспособеност за основно програмирање на асемблерско ниво.
11. Содржина на програмата: Бинарна аритметика. Стандардна архитектура на микропроцесор. Архитектура на 80386DX. Софтверски модел на 80386DX во реален начин на работа. Програмирање во асемблерски јазик. Машински код. Инструкциско множество на 80386DX. Интерфејси: мемориски и I/O, прекини, DMA. Процесирање на прекини, табела на вектори на прекини, приоритети. BIOS и DOS системски повици. I/O склопови и периферни единици: Излезни портови. Влезни портови. Паралелен интерфејс за печатач. Паралелен интерфејс со 82C55. Сериски комуникациски интерфејс. USART 8251A интерфејс. UART 8250/16450 интерфејс. 82C54 програмабилен часовник. 82C37А програмабилен DMA контролер. Заштитен начин на работа.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час и проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 75
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на секоја од вежбите). Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна пред полагање на писмениот испит.
Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите од лабораториските вежби и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите од лабораториските вежби и проектната задача.
За време на испитот е дозволено користење на помошна литература (табели со инструкции и технички параметри на уредите), кои се достапни на факултетскиот порталот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Walter Triebel The 80386, 80486, and Pentium Processors: Hardware, Software, and Interfacing Prentice Hall 1998
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Barry B. Bray The Intel Microprocessors: Architecture, Programming and Interfacing Prentice Hall Inc. 1997