Микропроцесорска електроника

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Микропроцесорска електроника

2.    Код

3ФЕИТ05Л026

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Зоран Ивановски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е запознавање со микропроцесорските и придружните електронски компоненти. Основни стекнати компетенции на студентот се разбирање на функционирањето и перформансите на микропроцесорските системи и оспособеност за програмирање на асемблерско ниво.

11.    Содржина на програмата: Бинарна аритметика. Стандардна архитектура на микропроцесор. Архитектура на 80386DX. Софтверски модел на 80386DX во реален мод. Програмирање во асемблерски јазик. Машински код. Инструкциско множество на 80386DX. Интерфејси: мемориски и I/O, прекини, DMA. Процесирање на прекини, табела на вектори на прекини, приоритети. BIOS и DOS системски повици. I/O склопови и периферни единици: Излезни портови. Влезни портови. Паралелен интерфејс за печатач. Паралелен интерфејс со 82C55. Сериски комуникациски интерфејс.  USART 8251A интерфејс. UART 8250/16450 интерфејс. 82C54 програмабилен часовник. 82C37А програмабилен DMA контролер. Заштитен мод.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Walter Triebel

The 80386, 80486, and Pentium Processors: Hardware, Software, and Interfacing

Prentice Hall

1998

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Barry B. Bray

The Intel Microprocessors: Architecture, Programming and Interfacing

Prentice Hall Inc.

1997