Микропроцесорски системи

Објавено: октомври 23, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Микропроцесорски системи

2.    Код

3ФЕИТ07Л016

3.    Студиска програма

КСИАР, КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Марија Календар

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Компјутерски архитектури

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните концепти на работа на конкретни микропроцесори, нивната внатрешна архитектура, I/O компонентите и реален асемблер. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за работа со микропроцесори и за пишување асемблерски програми.

11.    Содржина на програмата: Структура на процесори и процесорски системи.  Kарактеристики на процесори на Intel.  Разгледување на развој на процесори. Внатрешна архитектура на 8085. Програмирање на 8085. Начин на работа со меморија, извршување на инструкции, В/И инструкции.  Прекини кај 8085. Внатрешна архитектура на 8086 и 8088. Предвремено земање инструкции кај 8086 и 8088. 8086 и 8088 асемблер. Работа со архитектура со повеќе процесори кај 8086 и 8088. Поврзување со компоненти. Прекини кај 8086 и 8088.   Внатрешна архитектура на 80386. Мемориски систем. Влезно/излезен систем. Управување со меморија кај 80386. Дескриптори и селектори. Дескрипторски табели. Заштитен режим на работа. Механизам за страничење на меморија кај 80386. Виртуелен режим на работа. Табела на страници.  Извршување на инструкции кај 80386. Асемблер и пишување програми за 80386.

12.    Методи на учење Лабораториски вежби, практична работа и настава

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Практичен дел: Два парцијални испити во тек на семестарот (по 90 мин) или еден писмен испит во предвидени испитни сесии (120 мин) со задачи  и
Теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин)
За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.   Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.   Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

BREY B INTEL MICROPROCESSORS: Architecture, Programming, and Interfacing, 8th Ed Pearson, Prentice Hall 2009

2

N.S.Kumar, M. Saravanan, S Jeevananthan Microprocessors and Microcontrollers Oxford University Press 2011

3

Douglas V. Hall Microprocessors and Interfacing Tata McGraw Hill Publications Ltd., Revised Third Edition 2008

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. J. Tocci, F. J. Ambrossio Microprocessors and Microcomputers: Hardware and Software, 6th Ed Prentice Hall 2002