Моделирање и симулација – проценка на перформанси

Последна измена: ноември 14, 2019

Предмет: Моделирање и симулација – проценка на перформанси

Код: 3ФЕИТ07005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Сања Атанасова

Цели на предметната програма (компетенции): Продлабочени познавања од подрачјето на аналитичко моделирање и симулации на компјутерски-комуникациски системи. Продлабочени познавања од подрачјето на проценка на перформанси на системи. Познавање на процесот на моделирање со употреба на чекачки системи, Маркови ланци и Петри мрежи. Примена на стекнатите познавања кај реални практични компјутерски-комуникациски системи и мрежи од сите можни типови.

Содржина на предметната програма: Процеси на раѓање и умирање. Општа теорија на чекачки системи. Едноставни чекачки системи со еден и повеќе сервери. Средно сложени чекачки системи со еден и повеќе сервери. Сложени  чекачки системи со еден и повеќе сервери. Себе-слични процеси и нивни карактеристики. Меѓузависност со долг дострел и распределби со долги опашки. Чекачки мрежи. Уреди и системи кај кои е можна примена на анализа со чекачки системи и мрежи. Дискретно-настански симулатори и алатки за анализа на перформанси. Карактеристични практични примери.  Процеси на обновување. Дискретни и континуирани Маркови ланци: примена. Процеси на гранање. Општи карактеристики на графови, проблем на најкраток пат, ефикасност на multicast и број на скокови во anycast група.  Напредни поглавја од симулационо моделирање. Петри мрежи. Постапка за креирање симулација. Обработка и толкување на симулационите резултати.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. M. Law, W. D. Kelton"Simulation Modeling and Analysis, 3/e"McGraw-Hill2000

2

G. Bolch, S. Greiner, H. deMeer, K. Trivedi"Queueing Networks and Markov Chains: Modeling and Performance Evaluation with Computer Science Applications"John Wiley2006

3

J. Daigle"Queueing Theory with Applications to Packet Telecommunications"Springer2004