Моделирање и симулација – проценка на перформанси

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Моделирање и симулација – проценка на перформанси
2. Код 4ФЕИТ11004
3. Студиска програма 7-НКС, 8-КМ-ИНН
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Сања Атанасова
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Продлабочени познавања од подрачјето на аналитичко моделирање и симулации на компјутерски-комуникациски системи. Продлабочени познавања од подрачјето на проценка на перформанси на системи. Познавање на процесот на моделирање со употреба на чекачки системи, Маркови ланци и Петри мрежи. Примена на стекнатите познавања кај реални практични компјутерски-комуникациски системи и мрежи од сите можни типови.

11. Содржина на програмата:

Процеси на раѓање и умирање. Општа теорија на чекачки системи. Едноставни чекачки системи со еден и повеќе сервери. Средно сложени чекачки системи со еден и повеќе сервери. Сложени  чекачки системи со еден и повеќе сервери. Себе-слични процеси и нивни карактеристики. Меѓузависност со долг дострел и распределби со долги опашки. Чекачки мрежи. Уреди и системи кај кои е можна примена на анализа со чекачки системи и мрежи. Дискретно-настански симулатори и алатки за анализа на перформанси. Карактеристични практични примери.  Процеси на обновување. Дискретни и континуирани Маркови ланци: примена. Процеси на гранање. Општи карактеристики на графови, проблем на најкраток пат, ефикасност на multicast и број на скокови во anycast група.  Напредни поглавја од симулационо моделирање. Петри мрежи. Постапка за креирање симулација. Обработка и толкување на симулационите резултати.

12. Методи на учење:

предавања и презентации

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 40 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот преку домашни задачи, тестови и изготвување семинарски трудови
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. J. Daigle Queueing Theory with Applications to Packet Telecommunications Springer 2004
2. G. Bolch, S. Greiner, H. deMeer, K. Trivedi Queueing Networks and Markov Chains: Modeling and Performance Evaluation with Computer Science Applications John Wiley 2006
3. A. M. Law, W. D. Kelton Simulation Modeling and Analysis McGraw-Hill 2000