Моделирање и симулациски компјутерски околини

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Моделирање и симулациски компјутерски околини
2. Код 4ФЕИТ07З010
3. Студиска програма КТИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Сања Атанасова, Д-р Горан Јакимовски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Програмирање и алгоритми, Податочни структури и програмирање
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со концептите на моделирање и модели за претставување на објекти и системи од реалноста. Изучување на концепти на симулации и алатки. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за самостојна работа со разновидни техники за моделирање и претставување на моделите во компјутерски систем, како и за вршење и анализа на соодветни симулации.
11. Содржина на програмата: Вовед во моделирање. Околини. Модели. Аналитички методи при моделирањето. Симулации чекор по чекор (stepped). Симулации водени од настани (event driven). Генерирање (псевдо)случајни броеви за симулации. Видови генератори: линеарен конгруенцијален генератор, композитен генераторт. Веројатност и статистика во симулациите. Симулација на компјутерски системи и компјутерски мрежи. Обработка и анализа на податоци од симулација и статистичка обработка. Креирање на стохастички модели. Симулации. Тестирање стохастички модели. Дискретни и непрекинати модели. Редици на чекање.
12.Методи на учење Предавања, презентации и лабараториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 35
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 40
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит редовна посета на наставата и реализирани тестови
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два теста (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), активности кои вклучуваат изработка на семинарски трудови и поени од лабараторсики вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од сите активности.

За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Аверил М. Лоу Моделирање за симулации и анализа, 5 издание МкГроу Хил 2014
2 Рос М. Шелдон Симулации Академик Прес 2012
3 Фишвик П. Дизајн на модели за симулации и извршување ПрентисХол (Пеарсон) 1995