Мрежно планирање и оптимизација

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Мрежно планирање и оптимизација

2.    Код

3ФЕИТ10Л023

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Валентин Раковиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на потребата од планирање и оптимизација на телекомуникациските мрежи. Способност да се применува знаењето на планирање и оптимизација вклучувајќи ги принципите на мрежен дизајн, оптимално проектирање, одржување и користење, како и карактеристики вклучувајќи ги аспектите на редундантност, стабилност и сигурност на мрежата. Употреба на изучените алатки во доменот на пристапни и јадрени мрежи.

11.    Содржина на програмата: Основни принципи на мрежно планирање, и нивна примена во пристпаните и јадрените мрежи. Генерички техники за дизајн на радио и жичени мрежи, преку примена на аналитички и нумерички алгоритми. Оптимизациски алгоритми. Методи за пресметка на јадрен мрежен капацитет и мрежна редундантност. Анализа на техники за мерење и карактеризација на квалитет на сигнал. Електромагнетна компатибилност. Главни техники за картографска репрезентација на ниво на безжилен сигнал.  Комплетен пристап кон проблемот на планирање на даден комуникациски систем, од аспект кориснички побарувања, квалитет на сервис, системски капацитет, мрежна покриеност. Детална анализа за планирање и оптимизација за различни типови на мрежни технологии, xDSL, DOCSIS, GSM, UMTS/HxPA, LTE, WiFi. Аспекти и проблеми на коегзистенција. Економски модели и бизнис планирање.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни компании и поканети предавања на експерти од ICT секторот.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Vladimir Mitlin Performance Optimization of Digital Communications Systems CRC Press 2006

2

ITU-D Reference Manual: Telecom Network Planning for evolving Network Architectures International Telecommunication Union 2009

3

Lingyang Song, Jia Shen Evolved Cellular Network Planning and Optimization for UMTS and LTE CRC Press 2010

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Lempiainen, M. Manninen Radio Interface System Planning for GSM/GPRS/UMTS Kluwer Academic Publishers 2002