Наномрежи

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Наномрежи

Код: 3ФЕИТ10018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставници: Доц. д-р Валентин Раковиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со поимот за омрежување на нано-машини, интра и интерклеточна сигнализација и формирање на наномрежи. Разбирање на разликите помеѓу традиционалните и молекуларните комуникации. Способност за работа на истражувања во областа.

Содржина на предметната програма: Поим за нано-машини. Приоди во развој на нано-машини. Очекувани карактеристики. Сигнализација помеѓу клетки. Молекуларни трансивери. Архитектура на нано-машини. Интерконекција на нано-машини. Техники за комуникација помеѓу нано-машини базирани на наножичани комуникации, безжични оптички комуникации и молекуларни комуникации. Поим за наномрежи. Карактеристики и компоненти на наномрежи. Типови на наномрежи. Споредба со традиционални комуникациски мрежи. Кратко-дометни (базирани на молекуларни мотори) и далеку-дометни (базирани на феромони) наномрежи. Информациски капацитет од аспект на теорија на информации. Моделирање на канал за различни типови наномрежи. Протоколи за наномрежи. Апликации на наномрежи. Симулациски алатки за наномрежи. Истражувачки предизвици во областа (развој на мрежни компоненти, молекуларна комуникациска теорија, нови архитектури и протоколи).

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Baris AtakanMolecular Communications and Nanonetworks: From Nature To Practical SystemsSpringer2014
2Antonio Maffucci and Sergey A. MaksimenkoFundamental and Applied Nano-ElectromagneticsSpringer2016
3Junichi Suzuki, Tadashi Nakano and Michael John MooreModeling, Methodologies and Tools for Molecular and Nano-scale Communications: Modeling, Methodologies and ToolsSpringer2017