Напредни интернет технологии

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Напредни интернет технологии

Код: 3ФЕИТ10020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Тони Јаневски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот Напредни Интернет технологии се очекува студентот да знае да реализира подлабока техничка анализа на Интернет технологиите. Се очекува да може да креира напредни Интернет мрежи, протоколи, сервиси и апликации. Се очекува да биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во областа на Интернет технологиите.

Содржина на предметната програма: Напредни Интернет архитектури и технологии. Интернет протоколи, IPv6. DNS-ENUM. Напредни техники на рутирање, мултикаст. QoS во Интернет, MPLS и сообраќаен инженеринг, резервација на ресурси, диференцирани сервиси. scheduling, policing, queueing. Мерење и моделирање на Интернет сообраќај. Мултимедиски IP комуникации, пренос на streaming аудио и видео преку Интернет. Peer-to-peer технологија. Интернет телефонија, SIP, H.323. Мобилност во Интернет (Мobile IP, номадска мобилност). Адаптивни сервиси, instant messaging, IPTV. HIP (Host Identity Protocol).

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Toni JanevskiInternet Technologies for Fixed and Mobile NetworksArtech House, USA2015
2Behrouz A. ForouzanTCP/IP Protocol Suite – Fourth EditionMc-Graw-Hill2010
3Toni JanevskiNGN Architectures, Protocols and ServicesJohn Wiley & Sons2014