Напредни интернет технологии

Последна измена: јули 19, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Напредни интернет технологии
2. Код 4ФЕИТ10016
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Тони Јаневски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот Напредни Интернет технологии се очекува студентот да знае да реализира подлабока техничка анализа на Интернет технологиите. Се очекува да може да креира напредни Интернет мрежи, протоколи, сервиси и апликации. Се очекува да биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во областа на Интернет технологиите.

11. Содржина на програмата:

Напредни Интернет архитектури и технологии. Интернет протоколи, IPv6. DNS-ENUM. Напредни техники на рутирање, мултикаст. QoS во Интернет, MPLS и сообраќаен инженеринг, резервација на ресурси, диференцирани сервиси. scheduling, policing, queueing. Мерење и моделирање на Интернет сообраќај. Мултимедиски IP комуникации, пренос на streaming аудио и видео преку Интернет. Peer-to-peer технологија. Интернет телефонија, SIP, H.323. Мобилност во Интернет (Мobile IP, номадска мобилност). Интернет сервиси, instant messaging, IPTV. HIP (Host Identity Protocol).

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема.
20. Начин на полагање на испитот Се поалга преку изработка на полагање на испит или два колоквиуми (50% од оценката) и изработка на труд-семинарска работа (50% од оценката).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Behrouz A. Forouzan TCP/IP Protocol Suite – Fourth Edition Mc-Graw-Hill 2010
2. Toni Janevski Internet Technologies for Fixed and Mobile Networks Artech House, USA 2015
3. Toni Janevski NGN Architectures, Protocols and Services John Wiley & Sons 2014