Напредни концепти на виртуелизација

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Напредни концепти на виртуелизација

Код: 3ФЕИТ07009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Аристотел Тентов, Доц. д-р Даниел Денковски, Вон.проф. д-р Марија Календар

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на основните концепти за виртуелнизација со хипервизори и напредните концепти на виртуелизација со контејнери. Примена на виртуелизација и виртуелизирани ресурси во различни модерни реализации на системи и мрежи.

Содржина на предметната програма: Основни концепти на виртуелизација. Класични техники за виртуелизација со користење на хипервизори. Управување со процесирачки и мемориски ресурси во виртуелни машини. Управување со I/O уреди во виртуелната околина. Модерни техники за виртуелизација во корисничкиот простор (OS-level) со користење на контејнери. Предности и недостатоци на виртуелизацијата со помош на контејнери. Концепти на виртуелизација на мрежни функционалности.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

James Turnbull The Docker Book, containerization is the new virtualization https://www.dockerbook.com/ 2016

2

Rajendra Chayapathi, Syed F. Hassan, Paresh Shah Network Functions Virtualization (NFV) with a Touch of SDN Pearson Education 2016

3

Matthew Portnoy Virtualization Essentials, 2nd Edition Wiley 2016

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

  Статии од списанија и зборници од конференции   2017