Напредни методи за планирање на ЕЕС

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Напредни методи за планирање на ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ09008
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Петар Крстевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со напредни алгоритми кои се користат во процесот на планирање на преносни и дистрибутивни ЕЕС. Оспособеност за креирање и користење на алгоритми за оптимизација во процесот на планирање на ЕЕС.

11. Содржина на програмата:

Прогноза на потрошувачка на електрична енергија со користење на стохастички модели и методи на вештачка интелигенција (примена во Matlab). Планирање на преносни системи: 1. Алгоритми за оптимално планирање на преносни електроенергетски мрежи – сукцесивна експанзија, сукцесивна редукција и хибридни методи (примена во Matlab). 2. Планирање на ЕЕС во услови на несигурност. 3. Алгоритми на техно-економски анализи кои се користат во десетгодишните планови на ENTSO-Е. Планирање на дистрибутивни системи: 1. Примена на Matlab за решавање на линеарен оптимизационен модел за одредување на пресек на водови и топологија на радијална дистрибутивна мрежа. 2. Примена на Python за решавање на нелинеарен оптимизационен модел за оптимално планирање на дистрибутивен систем. 3. Примена на методи на стохастичка и робусна оптимизација во процесот на планирање на дистрибутивните системи.

12. Методи на учење:

Изработка и презентација на проектни задачи и семинарски работи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 70 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени и презентирани семинарски работи.
20. Начин на полагање на испитот Испитот се полага преку изработка и презентација на 7 семинарски работи кои носат по 10 поени. На крај се полага завршен устен испит/презентација кој носи 30 поени.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Antonio J. Conejo Investment in Electricity Generation and Transmission – Decision Making under Uncertainty Springer 2016
2. H. Seifi, M. S. Sepasian Electric Power System Planning – Issues, Algorithms and Solutions Springer 2011
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Ramteen Sioshansi Antonio J. Conejo  Optimization in Engineering – Models and Algorithms  Springer  2017
2.  CIGRE, WG C1.39  TECHNICAL BROCHURE Optimal power system planning under growing uncertainty  CIGRE  2020
3.   ENTSO-E  Ten-Year Network Development Plan 2021   ENTSO-E  2021