1. | Наслов на наставниот предмет | Напредни системи на управување | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ01009 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 6-АРСИ, 18-ЕНЕЛ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Душко Ставров | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: совладување на конвенционалните и напредните концепти и техники од теоријата на автоматско управување. Со ова студентот ќе се оспособи да препознава, анализира и решава проблеми од реалниот свет со користење на техники како од конвенционалната, така и од модерната теорија на aвтоматско управување. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Утврдување на изучениот материјал од системи на управување (Вовед во системи на управување; Моделирање на системи; Одредување на емпириски модели на системи на база на реални мерења; Класични методи за анализа на системите на управување: анализа во временски домен; анализа во простор на состојби; анализа во фреквентен домен; Стабилност на системите на управување). Управување во повратна врска. ПИД управување (Oснови на ПИД; Основни и напредни алгоритми за ПИД и нивно нагодување; Модификации на алгоритмите за ПИД со додавање на reset windup; Реална имплементација на ПИД управувачи). Управување нанапред. Управување на сооднос. Каскадно управување. Компензација на временско доцнење. Адаптивно управување (Концепт; Варијација на параметрите на постројката и последици; Проблем на адаптивното управување; Адаптивни управувачки концепти; Адаптивно управување базирано на референтен модел; Апликации). Управување базирано на внатрешен модел. Повеќевеличинско управување. Управување со предвидување базирано на модел (Концепт; Избор на модел за предикција; Концепт на поместувачки хоризонт; Реализација на линеарен управувач со предвидување базиран на модел; Апликации). |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно изработена проектна задача. | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја изработат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле завршниот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја изработиле и презентирале проектната задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Dale E. Seborg, Thomas F. Edgar, Duncan A. Mellichamp, Francis J. Doyle III | Process Dynamics and Control | Wiley | 2017 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | K. Astrom, T. Hagglund | Advanced PID Control | Instrument Society of America | 2006 | |||||||||
2. | K. Astrom, T. Hagglund | PID Controllers: Theory, Design, and Tuning | Instrument Society of Аmerica | 1995 | |||||||||
3. | K. Astrom, Wittenmark B. | Adaptive Control | Dover | 2008 |