Напредни телекомуникациски мрежи

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Напредни телекомуникациски мрежи

Код: 3ФЕИТ10021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вонр. проф. д-р Владимир Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на тековните телекомуникациски мрежни структури, способност за аналитичност и мрежен дизајн, и јасна визија за тенденциите на идниот развој на телекомуникациските омрежувања.

Содржина на предметната програма: Преглед на трансмисиони техники (каналски и пакетски) и трансмисиони инфраструктури во модерните телекомуникациски мрежи. Преглед на широкопојасни пристапни технологии. Напредни пристапни телекомуникациски мрежи. xDSL, кабелски пристап, PLC, безжичен пристап. Основи на MPLS i GMPLS. Концепт на Carrier Ethernet. Рутирачки алгоритми (класификација и карактеристики) Напредни решенија за управување. IMS. Интеграција. Развој на NGN. Сервисни примери. Телесообраќаен инженеринг на NGN. All-IP архитектури. Анализа на перформанси на all-IP мрежи (пропустност, доцнење). Преглед на технологии за безжично омрежување. Регулатива и стандардизација во телекомуникациски мрежи. Пример за решение (Case study). Преглед на безжични и мобилни напредни мрежни решенија. Тенденции на равој на телекомуникациските мрежи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Eugenio IannoneTelecommunication NetworksCRC Press2017
2A Leon-Garcia, I WidjajaCommunication NetworksMc Grow Hill2004
3Bruce S. Davie    Yakov RekhterMPLS: Technology and ApplicationsMorgan Kaufmann Publishers Inc.2000
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Keith W. RossMultiservice Loss Models for Broadband Telecommunication NetworksSpringer1995