Нелинеарни системи на управување

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Нелинеарни системи на управување

2.    Код

3ФЕИТ01З011

3.    Студиска програма

КСИАР

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Весна Ојлеска Латкоска

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со нелинеарните динамички системи, нивно претставување и моделирање, како и со методите за анализа на динамичкото поведение и испитување стабилност на рамнотежна состојба кај истите. Стекнување знаења за решавање проблеми на управување системи со нелинеарна природа, со комплетна оспособеност за самостојно вршење анализа на истите и делумна оспособеност (со користење додатна литература) за синтеза на определен тип на нелинеарни системи. Оспособеност за работа на проекти од научно-истражувачки карактер, како и решавање проблеми и проекти од индустрија.

11.    Содржина на програмата: Општи сознанија за нелинеарните динамички системи. Линеаризација и нејзиното значење за анализа на нелинеарните системи. Феноменолошки особини на нелинеарните внатрешно-стационарни системи. Појава, природа, систематизацијата и описот на нелинеарностите и нелинеарните системи на управување. Метода на фазна рамнина (аналитички и графо-аналитички постапки; постапка на изоклини). Сингуларни точки и карактеристични криви. Граничен круг, резонантен скок, бифуркација и хаос. Фазни портрети на НСАУ од втор ред со типични нелинеарности. Метода на хармониска линеаризација. Сопствени осцилации на нелинеарните системи на управување (алгебарски постапки за определување периодични решенија во фреквенциската област и нивна стабилност). Испитување стабилност на нелинеарните динамички системи според теоријата за стабилност на Љапунов. Апсолутна стабилност на нелинеарните системи на управување. Вовед во методите за синтеза на нелинеарните системи на управување.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби, како и практични вежби во лабораторија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

85

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

5

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите).
1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Дополнително, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен).
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен)

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Георги Димировски Предавања по нелинеарно автоматско управување ЕМФ, УКИМ, Скопје 1975

2

Jean-Jacques Slotine, Weiping Li Applied Nonlinear Control Pearson 1991

3

Steven H. Strogatz Nonlinear Dynamics and Chaos: With Applications to Physics, Biology, Chemistry, and Engineering Westview Press 2014

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Hassan K. Khalil Nonlinear Control Pearson 2014

2

M. Vidyasagar Nonlinear Systems Analysis SIAM 2002