1. Наслов на наставниот предмет | Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л013 | |||||||
3. Студиска програма | ЕАОИЕ,ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Јовица Вулетиќ | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на основни познавања од нисконапонски електрични инсталации и осветление на станбени, деловни, индустриски и јавни објекти. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Градба и означување на енергетски и инсталациски кабли. Системи на електрични инсталации. Елементи на електрични инсталации (осигурачи, автоматски инсталациски прекинувачи, струјна заштитна склопка, уред за заштита од електричен лак, мерач и контролер на изолација, уреди за заштита од пренапони). Заштита од електричен удар при нормални експлоатациски услови и при појава на грешка. Димензионирање на кабли. Заштита на објекти од атмосферско празнење. Компензација на реактивна моќност. Изведба на нисконапонски електрични инсталации. Сигурносно и резервно напојување со електрична енергија. Софтверски алатки за проектирање на електрични инсталации. Фотометриски пресметки. Светилки. Софтверски алатки за проектирање на системи за осветление. Изработка на проект за електрична инсталација. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, користење на софтверски алатки, изработка на проектна задача. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 15 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 25 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработка на проектна задача и лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Испитите се составени од писмен дел. Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и да ги предаде според договорена динамика на почетокот од семестарот. Завршната оценка се определува од поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот е дозволено користење на стандарди во печатена форма. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Властимир Гламочанин | Електрични инсталации и осветление | ФЕИТ | 2010 | ||||
2 | Властимир Гламочанин | Електрични инсталации и осветление (аудиториски вежби) | ФЕИТ | 2010 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Electrical Installation Guide | Schneider Electric | 2016 | |||||
2 | Barrie Rigby | Design of Electrical Services for Buildings, 4th Edition | Taylor & Francis Group | 2005 |