Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление

2.    Код

3ФЕИТ09Л016

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јовица Вулетиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања од нисконапонски електрични инсталации и осветление на станбени, деловни, индустриски и јавни објекти.

11.    Содржина на програмата: Градба и означување на енергетски и инсталациски кабли. Системи на електрични инсталации. Елементи на електрични инсталации (осигурачи, автоматски инсталациски прекинувачи, струјна заштитна склопка, уред за заштита од електричен лак, мерач и контролер на изолација, уреди за заштита од пренапони). Заштита од електричен удар при нормални експлоатациски услови и при појава на грешка. Димензионирање на кабли. Заштита на објекти од атмосферско празнење. Компензација на реактивна моќност. Изведба на нисконапонски електрични инсталации. Сигурносно и резервно напојување со електрична енергија. Софтверски алатки за проектирање на електрични инсталации. Фотометриски пресметки. Светилки. Софтверски алатки за проектирање на системи за осветление. Изработка на проект за електрична инсталација.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, користење на софтверски алатки, изработка на проектна  задача, семинарска работа.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

25

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на проектна задача и комплетирани лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Властимир Гламочанин

Електрични инсталации и осветление

ФЕИТ

2010

2

 

Electrical Installation Guide

Schneider Electric

2016

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Barrie Rigby

Design of Electrical Services for Buildings, 4th Edition

Taylor & Francis Group

2005