1. Наслов на наставниот предмет | Операциони истражувања | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01З011 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Математика 1, Математика 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање на студентите со целите и методите на операциони истражувања и подрачјата на нивната примена. Запознавање со концептите на математичко програмирање. Оспособеност за решавање на проблеми поврзани со оптимизирање на зададени функции на цел (линеарна, квадратна ковексна и нелинеарна), масовно опслужување, вршење на анализа на проект; менаџмент на индустриски, економски, финансиски и други организации. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Oперациони истражувања; класификација, составување и решавање на математички модели на проблеми; симулација и валидирање на моделот, дефинирање на функција на цена. Методи на линеарно програмирање и статичка оптимизација, симплекс метода, дуална задача на линеарното програмирање, транспортни проблеми, целобројно програмирање, геометриска и матрична интерпретација на моделите. Оптимизација на проблеми со ограничувања. Теорија на игри, минимакс критериум и седлеста точка. Мрежно планирање и управување со процеси. Примена и анализа на структурата и времето по методата на критичен пат; анализа според PERT (Project Evaluation and Review Technique). Динамичко програмирање. Модели на оптимизација на залихи при константна и случајна побарувачка; Монте Карло метода за симулација на стохастички процеси. Апроксимативна оптимизација со симулирано калење. Oснови на нелинеарната оптимизација и нелинеарно програмирање. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
16.3. Домашно учење | 30 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот . |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | P. R. Murthy | Operations Research | New Age International | 2007 | ||||
2 | Winston W. | Operations Research: Applications and Algorithms | Cengage Learning | 2004 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Stephen Boyd, Lieven Vandenberghe | Convex Optimization | Cambridge Univ Press | 2004 |