Оперативни системи за вградливи компјутерски системи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Оперативни системи за вградливи компјутерски системи
2. Код 4ФЕИТ07Л014
3. Студиска програма КТИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Календар, Д-р Горан Јакимовски
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Податочни структури и анализа на алгоритми
Ислушан: Оперативни системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Работа со наменски вградливи уреди, инсталирање, компајлирање и приспособување оперативен систем, датотечен систем и оспособување на системот за работа. По завршување студентот ќе може да: ги разбира неопходните елеметни на јадрото на вградлив ОС; да ги разбира и користи потребните алатки за cross-компалјирање и приспособување на јадро на ОС, да ги разбира и подготвува соодветните датотечни системи за вградливи системи; да ги разбира и приспособува пристапот до уредите преку ОС и дрво на уреди; да приспособува и компајлира драјвери и јадро за нестандардна процесорска архитектура (ARM) од изворна до извршна верзија.
11. Содржина на програмата: Вовед во врадливи оперативни системи. Linux јадро. Библиотеки и Makefile. Организација на програма во повеќе датотеки. Пишување сопствени библиотеки. Концепт на Shared библиотеки. Статично и динамично компајлирање и поврзување. Пренос од GP систем на вграден систем. Концепт на Bootloader. Дефинирање на Toolchain за комајлирање кај GP системи. Справување со ресурси. Компајлирање со помош на Toolchain. Компајлирање на програми за различни архитектури. Вовед во вградлив хардвер. Вовед во хардвер на Raspberry Pi. Воспоставување на околината за работа со вградливи системи. Преземање на пакети и софверски алатки. Помеѓу-платформско компајлирање. Компајлирање на GP машина за вградлив систем. Компајлирање на Linux јадро за GP и за вградливи системи. Комапјлирање програми за вградливи системи. Стартување на вградливи системи. Bootloader. Датотечен систем (RootFS). Креирање на соодветен датотечен систем. Драјвери (модули) за вградливи системи.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 50
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 55
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 40
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Испитот се состои во два дела (може да се полагаат како парцијални испити).
Прв парцијален ипит или теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин)
и
Втор парцијален испит или практичен дел: Изработка и одбрана на практична проектна задача (во група)За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Colin Walls Embedded Software, Second Edition: The Works Newnes 2012
2 Christopher Hallinan Embedded Linux Primer: A Practical Real-World Approach, 2nd Ed. Prentice Hall 2010
3 K. Yaghmour, J. Masters, G. Ben-Yossef, P. Gerum Building Embedded Linux Systems: Concepts, Techniques, Tricks, and Traps, 2nd Ed. O’Reilly 2008
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Bootlin Linux Kernel and Driver Development – Practical Labs (Embedded Linux) CreateSpace Independent Publishing Platform 2018
2 Derek Molloy Exploring BeagleBone: Tools and Techniques for Building with Embedded Linux 2nd Ed. Wiley 2019
3 J. McKellar, A. Rubini, J. Corbet, G. Kroah-Hartman Linux Device Drivers, 4th Ed. O’Reilly Media; 2014