1. | Наслов на наставниот предмет | Оптички комуникации | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ10018 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 12-КИТ, 16-МНТ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Александар Ристески | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Студентот ќе може да применува аналитичко, нумеричко и симулациско моделирање на оптички линкови и нивните компоненти; да прави анализа на перформансите на различни видови оптички интерконекти и нивната примена. Ќе биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Видови оптички интерконекции и архитектура на оптички комуникациски линкови. Примена на оптичките интерконекции на ниво на: WAN/MAN/LAN/SAN мрежи (out-of-the-box); систем/плоча/модул/чип (in-the-box). Предизвици за остварување поголеми брзини на оптичките линкови. Моделирање на електрично поле на ласер. Модална распределба на моќноста што се лансира во оптичкиот медиум. Моделирање на оптички приемник. Модели за простирање на светлината низ оптички медиум. Преносна функција на оптички медиум. Конектори, нивни трасфер матрици, слабеење, мешање на модовите и влијание на поместувањата во конекторот. Нумерички и симулациски модели за оптички линкови. Анализа на перформансите на оптичките линкови. Нелинеарни феномени. Оптички брановоди со правоаголен напречен пресек, нивни карактеристики и примена. Полимерни оптички влакна, нивни карактеристики и примена. Интегрирани оптички интеконекции. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 10 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 70 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 20 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа. |
|||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 90 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација и анкети | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | G. Agrawal | Fiber-Optic Communication Systems | Wiley-Interscience | 2002 | |||||||||
2. | O. Ziemann, J. Krauser, P. Zamzow, W. Daum | POF Handbook: Optical Short Range Transmission Systems | Springer, 2nd edition | 2008 | |||||||||
3. | G. Agrawal | Nonlinear Fiber Optics (Optics and Photonics) | Academic Press, 4 edition | 2006 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература. |