1. Наслов на наставниот предмет | Оптички мрежи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10Л017 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Борислав Поповски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Телекомуникациски системи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). А) Знаења: 1) Стекнување на длабоко разбирање на протоколите кои се применуваат кај оптичките мрежи: MPLS, GMPLS, MPLS-TP, Ethernet PBB-TE. 2) Стекнување на длабоко разбирање на стандардите: OTN за транспортни мрежи и GPON, NG-PON за пристапни мрежи. 3) Стекнување на длабоко разбирање на методите и техниките на оптичка комутација, на кола, пакети, брстови, потоци. 4) Стекнување на основно разбирање на дизајн на оптички јазол. Б) Вештини: 1) Способност да дискутира и креативно размислува за оптичките мрежи. 2) Способност да дизајнира оптички мрежи. 3) Способност да прави евалуација на перформансите на јазли со оптичка комутација со користење на симулациски методи. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Развој на оптичките мрежи. WDM архитектури. Конекциски-ориентирани клиентски мрежи: SDH. Клиентски протоколи: MPLS, GMPLS, MPLS-TP, Ethernet PBB-TE. Транспортен стандард OTN. OTN хиерархија и структура на рамки. Дизајн на WDM мрежи. Доделување и рутирање на бранови должини. Заштита кај WDM меш мрежи, методи и алгоритми. WDM FTTH – оптика до дома, GPON, NG-PON. Kомутациja на оптички пакети, брстови и потоци. Примери на реализација. Повеќеслојна оптимизација на сообраќај IP/MPLS/WDM. Мрежна контрола и управување. Софтверски дефинирани оптички мрежи. Tехно-економски анализи. Симулациски методи кај мрежите со оптичка комутација на пакети. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 70 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Rajiv Ramaswami, Kumar Sivarajan, Galen Sasaki | Optical Networks: A Practical Perspective | Morgan Kaufmann | 2010 | ||||
2 | Harry G. Perros | Connection-oriented Networks SONET/SDH, ATM, MPLS and Optical Networks | Wiley & Sons | 2005 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | T.E.Stern, G.Ellinas, K. Bala | Multiwavelength Optical Networks, Architectures, Design, and Control | Cambridge University Press | 2009 |