Оптички мрежи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Оптички мрежи
2. Код 4ФЕИТ10Л017
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Борислав Поповски
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушан: Телекомуникациски системи
10. Цели на предметната програма (компетенции). А) Знаења: 1) Стекнување на длабоко разбирање на протоколите кои се применуваат кај оптичките мрежи: MPLS, GMPLS, MPLS-TP, Ethernet PBB-TE. 2) Стекнување на длабоко разбирање на стандардите: OTN за транспортни мрежи и GPON, NG-PON за пристапни мрежи.
3) Стекнување на длабоко разбирање на методите и техниките на оптичка комутација, на кола, пакети, брстови, потоци. 4) Стекнување на основно разбирање на дизајн на оптички јазол.
Б) Вештини: 1) Способност да дискутира и креативно размислува за оптичките мрежи. 2) Способност да дизајнира оптички мрежи. 3) Способност да прави евалуација на перформансите на јазли со оптичка комутација со користење на симулациски методи.
11. Содржина на програмата: Развој на оптичките мрежи. WDM архитектури. Конекциски-ориентирани клиентски мрежи: SDH. Клиентски протоколи: MPLS, GMPLS, MPLS-TP, Ethernet PBB-TE. Транспортен стандард OTN. OTN хиерархија и структура на рамки. Дизајн на WDM мрежи. Доделување и рутирање на бранови должини. Заштита кај WDM меш мрежи, методи и алгоритми. WDM FTTH – оптика до дома, GPON, NG-PON. Kомутациja на оптички пакети, брстови и потоци. Примери на реализација. Повеќеслојна оптимизација на сообраќај IP/MPLS/WDM. Мрежна контрола и управување. Софтверски дефинирани оптички мрежи. Tехно-економски анализи. Симулациски методи кај мрежите со оптичка комутација на пакети.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 20
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 70
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Rajiv Ramaswami, Kumar Sivarajan, Galen Sasaki Optical Networks: A Practical Perspective Morgan Kaufmann 2010
2 Harry G. Perros Connection-oriented Networks SONET/SDH, ATM, MPLS and Optical Networks Wiley & Sons 2005
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 T.E.Stern, G.Ellinas, K. Bala Multiwavelength Optical Networks, Architectures, Design, and Control Cambridge University Press 2009