Оптимална работа на изворите во ЕЕС

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Оптимална работа на изворите во ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ04008
3. Студиска програма 4-ЕЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Софија Николова-Поцева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на овој курс студентот стекнува знаење за примена на методите и техниките за решавање на проблемот на оптимална распределба на оптоварувањето помеѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем. Студентот е оспособен за користење на современи софтверски алатки за решавање на оптималното водење на електрични централи.

11. Содржина на програмата:

Поделба на дијаграмот на оптоварување на константен и варијабилен дел. Пополнување на дијаграмот на оптоварување со производството од различни типови на електрични централи. Флексибилен пристап кон оптимизационата задача од аспект на периодот на оптимизација и различна поделба на временските интервали (број и должина). Моделирање на термоелектрични централи (ТЕЦ). Трошковни и енергетски карактеристики на ТЕЦ. Земање предвид на ремонтите кај ТЕЦ. Моделирање на хидроелектрични централи (ХЕЦ) (проточни, акумулациони и реверзибилни ХЕЦ). Режими на работа на ХЕЦ од аспект на хидролошките услови и од можностите за полнење и празнење на акумулацијата. Моделирање на ветерни електрични централи. Методологија за одредување на оптимален број на агрегати во погон кај хидроелектрични централи. Решавање на сложени хидраулични системи и моделирање на каскадно врзани ХЕЦ. Оптимална работа на конвенционалните електрични централи во сложен енергетски систем со интегрирани ветерни електрични централи. Повеќекритериумски услови при оптимизација: билансирање на води кај секоја ХЕЦ за одреден период, биланс помеѓу дотечната и потрошената вода. Примена на MATLAB за решавање на проблемот на оптимална распределба на моќности помеѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, самостојна изработка на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3  + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 40 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот може да се полагаат тестови. Предвидено е исто така изработка на семинарска работа или проектна задача. Во конечната оценка влегуваат поените од тестовите и од семинарската работа или проектната задача.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Jizhong Zhu Optimization of Power System Operation Wiley-IEEE Press 2009
2. P. S. R. Murty Operation and Control in Power Systems BS Publications 2008
3. Milan S. Ćalovic, Andrija T. Sarić Eksploatacija elektroenergetskih sistema Beopres 1999
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  D. P. Kothari, J. S. Dhillon  Power System Optimization   Motilal UK Books of India  2004
2.  Hrvoje Požar  Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima  Informator, Zagreb  1983