Оптоелектроника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Оптоелектроника
2. Код 4ФЕИТ05Л028
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Катерина Ралева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Знае принципи на работа на оптоелектронските елементи (фотоотпорник, фотодиода, фототранзистор, оптокаплер, соларна ќелија). Разбира принцип на работа на CMOS и CCD сензори за слика. Анализира едноставни кола со оптоелементи. Владее методи за синтеза на едноставни кола со оптоелементи:
-знае да дизајнира кола за погонување на LED диоди и кола за управување RGB LED диоди;
– ги разбира техниките на управување матрица од LED диоди;
-ги разбира драјверските кола за ласерски диоди
– знае да дизајнира кола со IR диоди и детектори, управувачки кола со фотоотпорници и фототранзистори;
-го разбира различните типови оптокаплери и режимите на работа и знае да ги примени во различни апликации.
11. Содржина на програмата: Предмет на изучувањe, примена и правци на развој на оптоелектрониката. Краток преглед на својства на светлината. Полупроводници и PN-спој. Оптичка инјекција. Генерационо-рекомбинациони процеси кај полупроводници. LED и ласерски диоди – структура, градба, принцип на работа, електрични и оптички карактеристики. Архитектура на комерцијални LED диоди. LED диоди што емитираат бела светлина. Електрични кола за погонување на LED диоди. RGB LED диоди и нивно управување. Техники на управување на матрица од LED диоди. Конструкција на драјверски кола за ласерски диоди со вклучена заштита. Фотодетектори (фототпорници,фотодиоди, фототранзистори и оптокаплери). Шумови кај фотодетектори. Фотоотпорници како елементи во управувачки кола. Примена на IR диоди и детектори. Оптокаплери во дигитален (прекинувачки) и во аналоген режим на работа. Соларни ќелии – структура и принцип на работа. Работен напон и струја и ефикасност. CMOS и CCD сензори за слика – принцип на работа.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 20
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 70
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 20
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 S.M. Sze, K.K. Ng Physics of Semiconductor Devices , 3th edition John Wiley & Sons, Inc. 2006
2 S.O. Kasap Optoelectronics and Photonics: Principles and Practices , 2nd edition Pearson Education 2013