Оптоелектроника

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Оптоелектроника

2.    Код

3ФЕИТ05Л029

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Познава принципи на работа на оптоелектронските елементи. Анализира едноставни кола со оптоелементи. Владее методи за анализа и синтеза на едноставни кола со оптоелементи.

11.    Содржина на програмата: Предмет на изучувањe, примена и правци на развој на оптоелектрониката. Краток преглед на својства на светлината. Полупроводници и PN-спој. Оптичка инјекција. Генерационо-рекомбинациони процеси кај полупроводници. LED и ласерски диоди – структура, градба, принцип на работа, електрични и оптички карактеристики. Архитектура на комерцијални  LED диоди. LED диоди што емитираат бела светлина. Електрични кола за погонување на LED диоди.  RGB LED диоди и нивно управување. Техники на управување на матрица од LED диоди. Конструкција на драјверски кола  за ласерски диоди со вклучена заштита.  Фотодетектори (фототпорници,фотодиоди, фототранзистори и оптокаплери). Шумови кај фотодетектори. Фотоотпорници како елементи во управувачки кола. Примена на IR диоди и детектори. Оптокаплери во дигитален (прекинувачки) и во аналоген режим на работа. Соларни ќелии – структура и принцип на работа. Работен напон и струја и ефикасност. CMOS  и CCD сензори за слика – принцип на работа.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

20

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

70

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S.O. Kasap

Optoelectronics and Photonics: Principles and Practices , 2nd edition

Pearson Education

2013

2

S.M. Sze, K.K. Ng

Physics of Semiconductor Devices , 3th edition

John Wiley & Sons, Inc.

2006