1. Наслов на наставниот предмет | Основи на дигитални телекомуникации | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З018 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ,КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Венцеслав Кафеџиски, Д-р Зоран Хаџи-Велков | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Математика 1, Математика 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентот ќе се стекне со фундаментални знаења од областа на аналогните и дигиталните телекомуникации, да ги разбира модулациските техники, техниките на претворање на реални аналогни сигнали во дигитални сигнали, различните дигитални модулациски техники, функционирањето на оптимален приемник на дигитални сигнали, да анализира техники на кодирање на извор на информации и заштитно кодирање, да ги објаснува техниките на повеќекратен пристап, и да ги применува телекомуникациските протоколи и услуги. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Основен модел на телекомуникациски систем. Класификација на сигнали. Пренос на сигнали низ линеарни временски непроменливи системи. Идеален систем за пренос на информација. Преглед на аналогни модулациски постапки. Демодулација/детекција на аналогно модулирани сигнали. Поим за шум. Термички шум низ линеарен систем. Однос сигнал-шум во кохерентен и некохерентен приемник. Теорема на земање на примероци. Униформна квантизација. Импулсно кодна модулација (ИКМ). Делта модулација. Основи на компресија на говор, аудио и видео сигнали. Претстава на сигналите во сигнален простор. Дигитални модулациски постапки: PAM во основен опсег и PAM во опсег, QAM, PSK, FSK, OFDM. Корелациски приемник. Оптимален детектор на дигитални сигнали. Веројатност на грешка. Извори на информации. Ентропија. Ентрописко кодирање. Поим за заштитно кодирање. Поим за телекомуникациска мрежа. Методи на повеќекратен пристап. Поим за телекомуникациски протокол и протоколен стек. Протоколи за контрола на сообраќајот. Сервиси и апликации кај телеком оператори. | ||||||||
12.Методи на учење Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 15 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 15 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Б. П. Лати, Жи Динг | Модерни аналогни и дигитални телекомуникациски системи (4 издание) | Оксфорд универзитетска печатница | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Леон Кауч | Дигитални и аналогни телекомуникациски системи (8 издание) | Пирсон | 2012 |