1. | Наслов на наставниот предмет | Основи на договорно и на потрошувачко право | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ12007 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 17-РЕЕКС | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Неда Здравева | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Цел на предметната програма основи на договорно право и на потрошувачко право е да им овозможи на студентите да се стекнат со основни знаења за договорите, како средство за остварување на прометот со стоки и услуги, и за заштитата на потрошувачите. Посебно внимание ќе се посвети на договорите со кои се уредуваат односите во сферата на енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот, како и заштитата на потрошувачите во овие договори. Преку оваа програма студентите ќе се оспособат: – самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните концепти на договорното право, – да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката при склучување договори, успешна реализација на договорите и решавање на споровите кои ќе произлезат од договори, – да ги идентификуваат правата на потрошувачите и механизмите за нивна заштита. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Предметот има за цел да ги запознае студентите со уредувањето на договорите и на правата на потрошувачите во Република Македонија и во Европската унија. Предметот се занимава со основните правила кои се однесуваат на договорите воопшто, како и на специфичното домашно законодавство и меѓународните договорни правила и стандарди кои се однесуваат на посебните видови договори. Особен акцент ќе се стави на начелата на европското договорно право (Ландо Начела), Виенската конвенција за меѓународна продажба за добра, UNIDROIT начелата за меѓународни трговски договори, како и на бројните конвенции чија содржина се однесува на посебни видови договори. Истовремено, ќе се обрне внимание на практичните аспекти на склучувањето на договорите и нивното исполнување, споровите што може да произлезат и начините за нивно разрешување. Предметот, оттаму, ги опфаќа практичните аспекти на договорите и нивните специфичности. Особено внимание ќе се обрне на улогата на посебните видови договори во домашниот и во меѓународниот промет. При тоа посебен акцент ќе се даде на договорите кои се релевантни за сферата на енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот. Со оглед на посебното значење што овие договори го имаат за потрошувачите во рамките на предметната програма ќе се обработат и нивните права како купувачи на стоки односно корисници на услуги. Во рамките на програмата ќе се идентификуваат основните права на потрошувачите и начините на нивно остварување и заштита. Во тие рамки особено ќе се обрне внимание на правата на потрошувачите како корисници на услуги, од една страна, и обврските на давателите на услуги од друга страна. Овие прашања ќе бидат разгледани од аспект на нивното уредување во домашното и во правото на Европската унија. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Наставата ќе се изведува преку интерактивни предавања, практични вежби, симулации и анализа на случаи, видео-презентации, играње улоги итн. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3+3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 30 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% успех од сите предиспитни активности | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Изработка и презентација на семинарски задачи и завршен испит. | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Горан Коевски, Валентин Пепљугоски, Ненад Гавриловиќ | Договори на автономната трговска пракса | Правен факулет „Јустинијан Први„ – Скопје | 2012 | |||||||||
2. | Гале Галев, Јадранка Дабовиќ Анастасовска | Облигационо право | ЦИППЕ | 2012 | |||||||||
3. | |||||||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Закон за задолжително осигурување во сообраќајот | ||||||||||||
2. | Закон за договорите за превоз во железничкиот сообраќај | ||||||||||||
3. | Закон за договорите за превоз вo патниот сообраќај |