Основи на договорно и на потрошувачко право

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Основи на договорно и на потрошувачко право

Код: 3ФЕИТ12005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Коевски, Проф. д-р Неда Здравева

Цели на предметната програма (компетенции): Основи на договорно право и на потрошувачко право е да им овозможи на студентите да се стекнат со основни знаења за договорите, како средство за остварување на прометот со стоки и услуги, и за заштитата на потошувачите. Посебно внимание ќе се посвети на договорите со кои се уредуваат односите во сферата на енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот, како и заштитата на потошувачките во овие договори.  Преку оваа програма студентите ќе се оспособат:  – самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните концепти на договорното право,  – да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката при склучување договори, успешна реализација на договорите и решавање на споровите кои ќе поизлезат од договори,  – да ги идентификуваат правата на потошувачите и механизмоте за нивна заштита.

Содржина на предметната програма: Предметот има за цел да ги запознае студентите со  уредувањето на договoрите и на правата на потошувачите во Република Македонија и во Европската унија. Предметот се занимава со основните правила кои се однесуваат на договорите воопшто, како и на специфичното домашно законодавство и меѓународните договорни правила и стандарди кои се однесуваат на посебните видови договори. Особен акцент ќе се стави на начелата на европското договорно право (Ландо Начела), Виенската конвенција за меѓународна продажба за добра, UNIDROIT начелата за меѓународни трговски договори, како и на бројните конвенции чија содржина се однесува на посебни видови договори. Истовремено, ќе се обрне внимание на практичните аспекти насклучувањето на договорите и нивното исполнување, споровите што може да произлезат и начините за нивно разрешување. Предметот, оттаму, ги опфаќа практичните аспекти на договорите и нивните специфичности. Особено внимание ќе се обрне на улогата на посебните видови  договори во домашниот и во меѓународниот промет. При тоа посебен акцент ќе се даде на договрите кои се релеванти за сферата на  енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот. Со оглед на посебното знaчење што овие договори го имаат за потрошувaчите во рамките на предметната програма ќе се обработат и нивните права како купувачи на стоки односно корисници на услуги. Во рамките на програмата ќе се идентификуваат основните права на потрошувачите и начините на нивно остварување и заштита. Во тие рамки особено ќе се обрnне  внимание на правата на порошувачките како корисници на  услуги, од една страна, и обврските на двателите на услуги од друга страна. Овие прашања ќе бидат разгледани од аспект на нiвното уредување во домашното и во правото на Европската унија.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Горан Коевски, Валентин Пепљугоски, Ненад ГавриловиќДоговори на автономната трговска праксаПравен факулет „Јустинијан Први„ – Скопје2012
2Гале Галев, Јадранка Дабовиќ АнастасовскаОблигационо правоЦИППЕ2012
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1 Закон за задолжително осигурување во сообраќајот  
2 Закон за договорите за превоз во железничкиот сообраќај  
3 Закон за договорите за превоз вo патниот сообраќај