1. Наслов на наставниот предмет | Основи на економија за електроенергетскиот сектор | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л014 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Весна Борозан | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Електрични мрежи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на познавања за основните концепти и начинот на функционирање на пазарната економија, теоријата на претпријатија, типови на пазари, како и стекнување на поим за природни монополи и моделите за нивна регулација. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Основи на економијата: макроекономија и микроекономија. Основни концепти од пазарната економија: Моделирање на потрошувачката; Моделирање на производството; Маргинално производство, маргинални трошоци; Приход и профит на производителот; Еластичност на понудата; Пазарен еквилибриум, глобален оптимум и општествена благосостојба. Концепти од теоријата на претпријатија: Долгорочен и краткорочен пристап; Трошоци. Типови на пазари: Физички пазари централизирани пазари и децентрализирани – пазари на билатерални договори; Финансиски договори и пазари. Конкуренција: Зошто е потребна конкуренцијата? Пазари со несовршена конкуренција, Пазарна сила; Модели на несовршена конкуренција, потреба од заштита на конкуренцијата и регулација. Дефиниција за мрежна енергија, со фокус на електрична енергија; Природни монополи во електроенергетскиот сектор; Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата. Основи на регулацијата: Регулаторни модели; Дозволен приход и прераспределба на дозволениот приход до крајните корисници. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања-теоретска настава; Аудиторни вежби, консултации; Самостојно учење; Проверка на знаење; Семинарски работи, самостојни задачи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно изработена семинарска и самостојни задачи и присуство на најмалку 80% од теоретските предавања | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни и семинарски задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути. Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите, домашните и семинарските, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Студентска анкета | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | В. Борозан, П. Крстевски | Економија за инженери | Интерна скрипта | 2021 | ||||
2 | Dubravko Sabolic | Uvod u mikroekonomiku | FER, Zagreb – Skripta | 2014 | ||||
3 | Dubravko Sabolic | Drzavna regulacija industruje | FER, Zagreb – Skripta | 2015 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | N.Gregory Mankiw | Principles of Microeconomics | Cengage Learning | 2015 | ||||
2 | N. Katic, V. Borozan, S. Halilcevic | Ekonomija elektroenergetskih sistema | CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003 | 2003 | ||||
3 | Donald G. Newnan, Ted G. Eschenbach, Jerome P. Lavelle | Engineering Economic Analysis | Oxford University Press | 2004 |