Основи на електроенергетика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Основи на електроенергетика
2. Код 4ФЕИТ04З014
3. Студиска програма ТКИИ,КТИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Антон Чаушевски
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Основни познавања за енергетските ресурси, начини за добивање на енергија. Основни поими за технологии и системи за трансформација од еден во друг облик на енергија. Енергетски биланси.
11. Содржина на програмата: Класификација на облици на енергија. Примарни, трансформирани и корисни облици на енергија. Енергетски ресурси, Фосилни горива (јаглен, сурова нафта и нејзини деривати, природен гас). Водена маса, нуклеарно гориво, биомаса и неконвенционални извори на енергија. Трансформација на примарни облици во погоден облик на енергија. Трансформација на хемиска енергија во внатрешно калорична енергија.. Нуклеарни реакции на фисија. Трансформација на внатрешно термичка во механичка енергија. Трансформација на механичка во електрична енергија. Непосредни трансформации во електрична енергија. Искористување на енергијата, корисни облици на енергија. Еколошки последици од енергетски технологии и енергетски ресурси.. Енергетски биланси и енергетско планирање.
12.Методи на учење Предавања со аудиториски вежби, користење на софтверски алатки, проектна задача и семинарска работа.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Антон Чаушевски Основи на електроенергетика – интерна скрипта ФЕИТ NULL
2 Paul Breeze Power Generation Technologies Elsevier NULL
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Gilbert M. Masters Renewable and Efficient Electric Power Systems John Wiley & Sons, Inc, NULL