Основи на електротехника

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Основи на електротехника

2.    Код

3ФЕИТ06З005

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

I/1

7.    Број на ЕКТС

7.00

8.    Наставник

Д-р Весна Арнаутовски-Тошева, Д-р Леонид Грчев, Д-р Марија Кацарска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните поими и појави од електростатиката и електромагнетизмот, со основните закони и теореми  во теоријата на електрични кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството.

11.    Содржина на програмата Електрично поле: Гаусов закон. Работа на сили на електрично поле. Потенцијал на електрично поле и електричен напон. Електростатичка индукција. Капацитивност и кондензатор. Енергија во електрично поле. Диелектрици во електрично поле. Поларизација. Воопштен Гаусов закон. Гранични услови. Стационарна електрична струја. Електрична отпорност. Стационарно магнетно поле. Магнетен флукс. Амперов и Фарадеев закон. Примери на електромагнетна индукција. Индуктивност (сопствена и меѓусебна) и индуктор. Енергија во магнетно поле. Основни поими за електрични кола. Елементи на електричните кола, основни тополошки поими и матрици. Омов закон. Џулов закон. Kирхофови закони. Методи и теореми за решавање на електрични кола со временски константни струи и напони (равенки на колото во матрична форма).

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

4 + 3 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

210

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

60

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

35

16.3. Домашно учење

70

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Проф. д-р Леонид Грчев Предавања од основи на електротехника 1 ФЕИТ 2015

2

Проф. д-р Леонид Грчев Предавања од основи на електротехника 2 ФЕИТ 2015

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ч.К. Александер и М.Н.О. Садику Основи на електрични кола ДАТАПОНС Дооел Скопје 2012