Основи на мерни системи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Основи на мерни системи
2. Код 4ФЕИТ03З007
3. Студиска програма КТИ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Маре Србиновска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења за основните методи за мерење на електрични и неелектрични големини. Запознавање со принципите на функционирање на аналогните и дигиталните мерни инструменти.
11. Содржина на програмата: Основни поими и дефиниции во мерната техника. Статички и динамички карактеристики на мерните уреди. Основи на мерната неодреденост, грешки при индиректни мерења. Основни карактеристики на аналогните и дигиталните мерни инструменти. Сетила и преобразувачи. Класификација на мерни сетила. Запознавање со отпорнички, капацитивни и индуктивни сетила за мерење на различни физички величини. Прилагодување на мерни сигнали и основни конфигурации на мерните кола.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби
20. Начин на полагање на испитот Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од
семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат
во текот на часовите, како и проектни задачи, кои се
презентираат/бранат за време на семестарот.
1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го
положиле завршниот писмен испит. Во конечната оценка влагуваат поените
од парцијалните испити, тестовите, и проектните задачи.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со
времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од
завршниот писмен испит, тестовите, и проектните задачи.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ц. Гавровски Основи на мерна техника ФЕИТ 2011
2 S. Tumanski Principles of electrical measurement Taylor&Francis 2006