Основи на телекомуникации

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Основи на телекомуникации
2. Код 4ФЕИТ10Л020
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Зоран Хаџи-Велков
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Математика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со фундаменталните методи за пренос на телекомуникациски сигнали помеѓу телекомуникациски предавател и телекомуникациски приемник (модулација, демодулација, земање примероци, квантизација, кодирање, и детекција на бинарни сигнали). Познавање на ограничувачките фактори при пренос на информација преку телекомуникациски систем (интерсимболска интерференција и термички шум). Способност да се определи облик на сигнал во телекомуникациски систем и да се пресмета однос сигнал-шум во телекомуникациски приемник.
11. Содржина на програмата: Основен модел на телекомуникациски систем. Спектар на периодични и апериодични сигнали. Преносна функција и импулсен одѕив на линеарен систем. Линеарни амплитудни изобличувања и изобличувања поради рестрикција на спектарот. Амплитудна модулација. Синхрона демодулација и демодулација со детектор на анвелопа на АМ сигнали. Фазна и фреквентна модулација. Демодулација на аглово модулирани сигнали. Термички (бел Гаусов) шум. Модел на теснопојасен шум. Теорема за земање примероци. Импулсно амплитудна модулација (ИАМ). Природно и регуларно земање на примероци. Рамномерна квантизација. Средна квадратна грешка на квантизација. Нерамномерна квантизација. Импусно кодна модулација (ИКМ). Пренос на ИКМ сигнали во основен опсег на фреквенции. Појава на интерсимболска интерференција. Критериум за пренос без изобличување. Приемник на бинарни сигнали во основен опсег на фреквенции. Прилагоден приемник. Бинарна амплитудна, фреквентна и фазна модулација. Кохерентна детекција на бинарно модулирани сигнали. Некохерентна детекција на бинарно модулирани сигнали.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна задачи и домашно учење
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 25
16.3. Домашно учење 80
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот). За студентите кои ги положиле парцијалните испити може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и завршниот устен испит.

Студентите кои наместо преку два парцијални испити, испитот го полагаат преку писмен испит, истиот го полагаат во предвидените испитни сесии. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и завршниот устен испит.

За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид. Дозволено е користење на калкулатор.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Б. П. Латхи Современи дигитални и аналогни комуникациски системи Oxford University Press 2009