Основи на засилена реалност

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Основи на засилена реалност
2. Код 4ФЕИТ10З019
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Податочни структури и програмирање
10. Цели на предметната програма (компетенции). По завршување на курсот, студентот е способен: да ги разликува различните типови на засилена реалност и да ја разликува од мешана и виртуелна реалност; да ги познава основните технолошки детали важни за засилената реалност (аудио визуелен систем на човекот, дисплеи, сензори и кориснички интерфејси); да ги знае и разликува основните апликации на засилена реалност (медицина, образование, комерцијални цели, спорт и тренинг); да ги разликува основните софтверски алатки и технологии; да може да идентификува барањата на апликациите; да може да направи основна софтверска апликација со користење дел од софтверските алатки
11. Содржина на програмата: Типови на засилена реалност. Организација на систем за засилена реалност.
Технолошки детали: аудио визуелен систем на човекот, дисплеи за засилена реалност, сензори и кориснички интерфејси за засилена реалност. Компоненти на сцена со засилена реалност.
Софтверски алатки и технологии: OpenXR, Spark AR, AR Foundation, ARKit, ARCore. Примени на засилена реалност.
12.Методи на учење Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 25
16.3. Домашно учење 50
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 5
17.2. Семинарска работа/проект 40
17.3. Активност и учење 5
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Завршени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 60 минути) и изработка на практична проектна задача (по завршување на теоретскиот дел). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, поените од проектната задача и поените од тестовите.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 90 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, поените од проектната задача и поените од тестовите.
За време на испитот е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Peddie, Jon Augmented Reality Where We Will All Live Springer International Publishing 2017
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Steve Aukstakalnis Practical Augmented Reality: A Guide to the Technologies, Applications, and Human Factors for AR and VR Addison-Wesley 2017
2 Jonathan Linowes Augmented Reality with Unity AR Foundation Packt Publishing Ltd 2021