1. Наслов на наставниот предмет | Пазари на електрична енергија | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З016 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Весна Борозан | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Високонапонски мрежи и системи Ислушани: Основи на економија за електроенергетскиот сектор |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на основни познавања од областа на пазарното стопанисување со електричната енергија, типови на пазари на електрична енергија, предности и пречки на одделни типови производни единици и потрошувачи при учество во пазарот, како и разбирање на влијанието на преносните мрежи врз функционирањето на пазарите и нивно спојување во единствен пазар. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Зошто е потребна конкуренција во стопанисувањето со електрична енергија? Пазар на електрична енергија: Модели (организација) на пазарите на електрична енергија; Временски домен на пазарите. Типови на пазари: Децентрализирани пазари – пазари на билатерални физички и финансиски договори; Централизирани физички пазари – пазар ден однапред, дневен пазар и пазари на помошни услуги. Учество во пазарите на електрична енергија: Перспективи на потрошувачите, снабдувачите и производителите, како и на хибридните постројки; Перспектива на електраните кои не користат фосилни горива; Перспектива на претпријатијата кои поседуваат уреди за складирање на електрична енергија; Перспектива на флексибилните потрошувачи; Сигурност на системот и помошни услуги: Вреднување на помошните услуги. Продажба на системски услуги – балансен механизам. Влијание на преносните мрежи врз пазарот на електрична енергија: Децентрализирано тргување преку преносна мрежа – право на физички пренос; Централизирано тргување преку преносна мрежа – загушувања, јазолни цени, трговски суфицит, влијание на загубите, математичка формулација на јазолните цени, управување со ризици. Спојување на пазари на електрична енергија: Европски целен модел; Регионални пазари. | ||||||||
12.Методи на учење Теоретска настава, аудиторски вежби и консултации, домашни задачи, самостојно учење | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 15 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно завршени семинарски и домашни задачи и присуство на најмалку 80% од часовите | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни и семинарски задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути. Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите, домашните и семинарските, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Студентски анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | В. Борозан, П.Крстевски | Пазари на електрична енергија | Интерна скрипта | 2021 | ||||
2 | Daniel Kirschen, Goran Strbac | Fundamentals of Power System Economics | John Wiley & Sons | 2004 | ||||
3 | Steven Stoft | Power System Economics Designing Markets for Electricity | John Wiley & Sons | 2002 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Shahidehpour, H. Yamin, Z. Li | Market Operations in Electric Power Systems – Forecasting, Scheduling, and Risk Management | IEEE Press, Wiley-Interscience, A John Wiley & Sons, Inc. | 2002 | ||||
2 | Barrie Murray | Power Markets and Economics | John Wiley & Sons | 2009 |