Персонални, ad-hoc и IoT мрежи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Персонални, ad-hoc и IoT мрежи
2. Код 4ФЕИТ10З021
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Владимир Атанасовски
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушан: Комуникациски мрежи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со карактеристиките на IoT мрежни концепти релевантни за изградба на ИКТ инфраструктури. Разбирање на концептот на кратко-дометни мрежи (сензорски мрежи, RFID, NFC) и персонално омрежување (PAN, BAN). Анализа и дизајн на ад-хок мрежи. Елементи на ИКТ инфраструктури и комуникации во облак. Способност за развој на IoT сервиси и апликации (примери). Тенденции на развој во насока на IoE.
11. Содржина на програмата: Вовед. Персонални мрежи WPAN (Bluetooth). Сензорски мрежи (стандарди – IEEE 802.15.x, архитектури, протоколи, апликации). RFID, NFC. Базични концепти во ad-hoc безжични мрежи. MAC и рутирачки протоколи во ad-hoc мрежи. Концепт на Интернет на нештата (Internet of Things – IoT). Меѓумрежно поврзување во IoT. Поврзување во облак. Aпликации и сервиси поврзани со концептите на IoT (на пр. интелигентни домови, интелигентен транспорт, интелигентни градови.) Иден развој (Internet of Everything – IoE).
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испити во текот на семестарот (на половина и на крај од семестарот) во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, дозволен е само калкулатор
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 С. Грингард Интернет на нешта MIT Press 2015
2 К. Шваб Четврта индустриска револуција Currency 2017
3 С. Пол Водич за мобилни ad-hoc мрежи и безжични сензорски мрежи: од основни концепти до апликации LAP LAMBERT Academic Publishing 2018