Планирање на електроенергетски системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Планирање на електроенергетски системи

2.    Код

3ФЕИТ09Л018

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Весна Борозан

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Високонапонски мрежи и системи, Дистрибутивни системи Ислушани: Пазари на електрична енергија

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања на методите за планирање на ЕЕС во услови на либерализиран пазар на електрична енергија.

11.    Содржина на програмата: Временски домени, барања и проблеми на планирањето на електроенергетски системи (ЕЕС). Основни принципи на планирањето на развојот на ЕЕС: Концепт на сигурност и стабилност; Концепт на доверливост; Концепт на квалитет на електрична енергија; Концепт на економичност. Прогноза на потрошувачката на електрична енергија: Просторна прогноза на потрошувачката. Методи за долгорочна прогноза. Планирање на дистрибутивни системи: Методи за оптимизација на дистрибутивна мрежа (ДМ); Вклопна состојба на среднонапонска ДМ. Влијание на дисперзираното производство и анализи. Планирање на преносни системи: Детерминистички и стохастички методи за оптимизација; Евалуација на ризици; Регионално планирање на ЕЕС; Методи за управување со загушувања; Доверливост. Техно-економска анализа на инвестиции во ЕЕС: Метод на пресметковни годишни трошоци; Метод на нето сегашна вредност. Инвестирање во производство и пренос на електрична енергија во услови на либерализиран пазар на електрична енергија.

12.    Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Kusljugic, M. Nimrihter

Planiranje elektroenergetskih sistema

CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003

2007

2

M.S. Calovic, A. T. Saric

Planiranje elektroenergetskih sistema Prvi deo: Principi i metodologija planiranja elektroenergetskih sistema

Beopres, Beograd

2000

3

M.S. Calovic, A. T. Saric, P. C. Stefanov

Planiranje elektroenergetskih sistema Drugi deo: Reseni zadaci

Beopres, Beograd

2000

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Xifan Wang, James Rufus McDonald

Modern power system planning

McGraw-Hill

1994

2

Arthur Mazer

Electric Power Planning for Regulated and Deregulated Markets

John Wiley & Sons

2007