Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ04015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Софија Николова-Поцева

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за методите и оспособеност за користење на современи техники и алатки кои се користат за планирање на развој на електрични централи во електроенергетскиот систем.

Содржина на предметната програма: Дијаграм на оптоварување и крива на траење на оптоварување. Поделба на дијаграмот на оптоварување. Апроксимација на кривата на траење на оптоварување.  Методи за предвидување на оптоварувањето во ЕЕС. Хидролошки податоци, нивна анализа и методи за нивна обработка. Определување на потребна структура на извори во ЕЕС. Редослед на градење на електрични централи. Припремни работи и основа на методите за определување на редоследот на изградба на електрични централи. Експлоатациони карактеристики на термоелектрични централи и хидроелектрични централи и нивна апроксимација. Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од хидроелектрични централи Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од термоелектрични централи. Примена на методот на комбинации, методот на еквивалентни криви. Одредување на производни трошоци во системот. Економски анализи и критериуми за избор на поволна варијанта за развој на производството во ЕЕС.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

International Atomic Energy AgencyExpansion Planning for Electrical Generating Systems: A GuidebookIAEA, Vienna1984

2

Hrvoje PožarSnaga i energija u elektroenergetskim sistemimaInformator, Zagreb1983

3

Fawwaz Elkarmi, Nazih Abu ShikhahPower System Planning Technologies and Applications: Concepts, Solutions and ManagementIGI Global2012

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Allen J. Wood, Bruce F. WollenbergPower Generation, Operation and ControlJohn Wiley & Sons1996

2

H. Wayne BeatyHandbook of Electric Power Calculations, Third EditionMcGraw-Hill2001