1. | Наслов на наставниот предмет | Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ04009 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 4-ЕЕ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Софија Николова-Поцева | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за методите и оспособеност за користење на современи техники и алатки кои се користат за планирање на развој на електрични централи во електроенергетскиот систем. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Дијаграм на оптоварување и крива на траење на оптоварување. Поделба на дијаграмот на оптоварување. Апроксимација на кривата на траење на оптоварување. Методи за предвидување на оптоварувањето во ЕЕС. Хидролошки податоци, нивна анализа и методи за нивна обработка. Определување на потребна структура на извори во ЕЕС. Редослед на градење на електрични централи. Припремни работи и основа на методите за определување на редоследот на изградба на електрични централи. Експлоатациони карактеристики на термоелектрични централи и хидроелектрични централи и нивна апроксимација. Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од хидроелектрични централи Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од термоелектрични централи. Примена на методот на комбинации, методот на еквивалентни криви. Одредување на производни трошоци во системот. Економски анализи и критериуми за избор на поволна варијанта за развој на производството во ЕЕС. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, самостојна изработка на проектни задачи. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 30 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 30 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 30 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% успех од сите предиспитни активности | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот може да се полагаат тестови. Предвидено е исто така изработка на семинарска работа или проектна задача. Во конечната оценка влегуваат поените од тестовите и од семинарската работа или проектната задача. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Fawwaz Elkarmi, Nazih Abu Shikhah | Power System Planning Technologies and Applications: Concepts, Solutions and Management | IGI Global | 2012 | |||||||||
2. | Hrvoje Požar | Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima | Informator, Zagreb | 1983 | |||||||||
3. | International Atomic Energy Agency | Expansion Planning for Electrical Generating Systems: A Guidebook | IAEA, Vienna | 1984 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | H. Wayne Beaty | Handbook of Electric Power Calculations, Third Edition | McGraw-Hill | ||||||||||
2. | Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg | Power Generation, Operation and Control | John Wiley & Sons | 1996 |